Верстапен со подобри петочни сесии од минатиот викенд

Макс Верстапен вели дека Ред Бул се во подобра форма со нивниот болид викендов споредено со претходниот откако вториот тренинг за Штаерското Гранд При го заврши како најбрз.

Макс успеа да се пласира пред ривалот од Мерцедес, Валтери Ботас со предност од четири стотинки. Минатиот Петок неговиот тренинг беше ограничен откако го оштети болидот поминувајќи над високите ивици. Но, тој вели дека е посреќен со својот болид овој пат.

Имаме подобро чувство од минатиот Петок. Научивме многу околу болидот. Не бевме толку среќни минатата недела, поради тоа се обидовме да поправиме неколку работи. Досега е многу подобро. Насоката во која се движиме е правилна.

Не знам дали го имаме вистинскиот пакет за да победиме на трката, но ќе дознаеме во Недела. Ќе видиме и на саботните сесии, но дефинитивно е многу попозитивно од минатата недела.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ