Верстапен со пофалби за својот поранешен колега, Пјер Гасли

Пјер Гасли по пет години минати во Формула 1 кај семејството Ред Бул заминува во фабричкиот тим на Алпин, а Макс Верстапен е полн со пофалби до возачот кој една полусезона му беше колега во Милтон Кинс.

Пред да замине од тимот,французинот заедно со Верстапен, Серхио Перез и Јуки Тсунода беа гости на Хонда за време на нивната прослава во Јапонија.

пјер и јас одамна се познаваме, почнавме да се тркаме еден против друг во картинг, а потоа двајцата станавме дел од семејството на Ред Бул. Половина сезона бвме и колеги во тимот и знам дека е неверојатно талентиран.

тој работи многу напорно за се што постигнал до сега, беше лидер на алфатаури, многу го почитувам, но и го разбирам што сака да се соочи со нов предизвик.

беше чест што го имаме како дел од семејството затоа што сите во двете екипи сме едно големо семејство. можеби ќе се сретнеме повторно во иста екипа во иднна, кој да знае, сеуште сме многу млади.

тој е неверојатен возач на кој му посакувам се најдобро и ќе се видиме во падокот и следната година. само сакам да му кажам дека сум сигурен оти ќе се снајде и во новата екипа која ќе биде одличен почеток за негово ново поглавје – изјави верстапен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ