Верстапен: Хулк заслужува место во Ф1

Макс Верстапен изјави дека Нико Хулкенберг заслужува место на гридот по одличните квалификации на Јубиленото Гранд При како замена за Ковид-19 позитивниот Серхио Перез.

Рејсинг Поинт го донесоа Хулкенберг до неговите најдобри квалификации во последните четири години и тој ќе стартува од третата позиција на гридот. Ова е најдобар старт на Хулк од 2016 година во Австрија откако стартуваше на втора позиција по казната за Нико Розберг, тогашниот возач на Мерцедес. Германецот нема стандардно место во Формула 1, но беше повикан како замена за Перез кој е позитивен на Ковид-19.

Верстапен и Рикардо беа брзи да му честитаат за брзината на Хулк на квалификациите. Верстапен не се сомнева во брзината на болидот на Рејсинг Поинт, но сепак е свесен дека возачот е најважен.

Нико заврши одлична работа. Рејсинг ПОинт направија добар болид во текот на зимата и нико заслужува место наредната година.

Има возачи кои не се добри како него, а се во Формула 1. Се надевам дека ќе добие шанса. Не сум среќен со нашите квалификации, но среќен сум што Нико е трет – изјави младиот холанѓанец.

Рикардо се квалификуваше зад Хулкенберг и Верстапен и ги поздрави перформансите на Хулк.

Хулк дојде и даде се од себе. Му симнувам капа.

Болидот добро работи, но не е се до него. Тој заврши одлична работа. Тој е ветеран и тоа не е лесно. Не ми е гајле што ќе кажат, Му симнувам капа. ТОј заврши одличан работа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ