Вести останал без зборови по тестот со Мерцедес

Младиот јуниор на Мерцедес, Фредерик Вестин беше пресреќен по првата можност да вози Формула 1 болид која ја доби по Гранд При трката во Абу Даби на истата патека.

Тој заврши на 9то место во Формула 2 сезонава, а одработе тест за млади возачи на Јас Марина за “сребрените стрели“. Младиот данец комплетираше дури 124 кругови во кокпитот на В13 болидот, а главниот инженер на тимот, Ендру Шовлин, посочи дека не погрешил апсолутно ништо.

мојот прв тест во формула 1 болид беше неверојатен, не можам да опишам колку добар ден имав. сакам да им се заблагодарам на сите во мерцедес за можноста која ми ја дадоа.

возев со 260 кмч низ летечки кривини и искусив сила од 5г како делува на вратот, силите кои овие формула 1 болиди ги произведуваат се неверојатни.

извозев 124 кругови денеска, учев за болидот и возев со различни компоненти на гуми, така што многу возев. беше многу важно за мене да добијам ваква можност како подготовка за следниот чекор и за формула 2 сезоната.

се надевам дека наскоро повторно ќе возам формула 1 болид.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ