Вести ќе тестира за Мерцедес во Абу Даби

Младиот јуниор на Мерцедес, Фредерик Вести, ќе има деби на Формула 1 тест откако тимот се одлучи да му даде шанса на тестот за млади возачи и за гумите на Пирели по Гранд При трката во Абу Даби.

Младиот данец стана дел од развојната програма на Мерцедес во пресрет на минатата сезона откако заврши на 4то место во Формула 3 поредокот. 20-годишникот направи трансфер во посилната Формула 2 со АРТ годнава и стигна до првата победа на спринтот во Баку, а во моментов е на 8мо место во првенството на еден викенд пред крајот.

Мерцедес потврдија дека обврските за тест со млад возач по трката во Абу Даби ќе ги исполни Вести во нивниот овогодишен В13 болид. Подолго време тие ги користеа услугите на Ник де Врис за тестови, но ќе го ослободат за што поскоро да се прилагоди на болидот на АлфаТаури за кои ќе вози, откако сезонава тестираше за Мерцедес, Вилијамс и Астон Мартин, а одработе и трка за екипата од Гроув.

Вести се очекува својат втора Формла 2 сезона догодина да ја одработи со силната Према.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ