Вилијамс го доби судскиот спор, Рокит ќе треба да има плати 35 милиони долари

Формула 1 тимот на Вилијамс ја доби судската арбитража против својот поранешен главен спонзор Рокит кои ќе треба да им исплатат 35,7 милиони долари откако предвреме ја прекинаа договорената двегодишна соработка.

Во пресрет на 2019 година, телекомуникациската компанија Рокит стана главен спонзор на Формула 1 тимот и беше дел од името на славната екипа, а договорот беше со важност од три години. Кон средина на годината, договорот беше продолжен за дополнителни две години, што значеше дека Рокит треба да ги краси болидите на Вилијамс до крајот на 2023 година.

Но, пред почетокот на задоцнетата 2020 година, Вилијамс и Рокит ја прекинаа соработката.

Во скорешното сослушување на Федералниот суд во Америка, арбитражата не ги прифатила аргументите на Рокит поради кои немало плаќање кон Формула 1 тимот порди тоа што Вилијамс, како што велат од компанијата, не ги исполниле своите обврски по 1 Јануари 2020 година. Поради тоа, Рокит ќе треба да му го исплати договорот во целост на тимот.

Телекомуникациската компанија ќе треба да го исплати договорот кон Формула 1 тимот на рати во износ од 3,5 милиони фунти до 5 милиони фунти. Вилијамс бараа арбитражата во Америка да ја уважи пресудата на Лондонската арбитража од минатата година.

Рокит пропуштил да плати вкупно 26,2 милиони фунти како дел од договорот и 1 милион долари бонус договорено плаќање.

Кон крајот на 2019 година, Вилијамс побарале од Рокит да го платат договорениот бонус од 1 милион долаги, кој сопственикот Џонатан Кендрик ветил дека ќе го плати до Март 2020 година, а постои и документ со кој Рокит бара детали за банкрската сметка на Вилијамс за дас е уплатат 24,4 милиони долари, банкарски трансфер кој никогаш не се случил.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ