Вилијамс го објаснија тест распоредот со Рој Нисани

Сајмон Робертс, шефот на Вилијамс Формула 1 тимот, ја објасни одлуката за намалување на времето на тестирање за тркачките возачи на тимот за сметка на Рој Нисани кој ќе добие цел ден во болидот.

Тестирањето во пресрет на 2021 година се одржува во Бахреин од 12-14 Март и е скратено на само три дена оваа година, а повеќето тимови им даваат на своите двајца возачи ден и пол на патеката.

Но, Вилијамс додаде дополнителен елемент со доделување на Нисани, нивниот 26-годишен израелски развоен возач, исто толку време колку Џорџ Расел и Николас Латифи кои ќе се натпреваруваат со ФВ43Б годинава. Нисани учествуваше на три Т1 сесии минатата сезона, додека исто така се натпреваруваше во Формула 2 шампионатот, серија во која тој има најдобар финиш на осмата позиција на досегашните 44 трки. Тој преминува во тимот на ДАМС за сезоната во 2021 година.

Робертс, тимскиот шеф на Вилијамс, не смета дека Расел и Латифи ќе бидат непријатно изненадени од промашувањето на половина ден од распределбата на времето за тестирање, најмногу затоа што ФВ43Б е толку сличен на неговиот претходник поради релативно статичните регулативи оваа година.

Го поделивме тестот на секој возач по еден ден.

Добро е за Рој да го добие тоа искуство во болидот. Можеме да го искористиме денот со Рој за да направиме работи што потоа ќе дозволат нашите возачи да се фокусираат на други делови од програмата.

Поради пренесувањето, тоа не е нормално целосно ресетирање на системите, така што имаме прилично големи очекувања во однос на километражата и сигурноста.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ