Вилијамс го тргнаа логото за Сена од болидот

Шефот на Вилијамс, Јост Капито, објасни зошто тимот одлучил да го тргне логото кое беше посветено на Аиртон Сена и ја красеше шасијата на тимот цели 27 години. 

Уште од 1995 година, логото на Сена беше залепено на предниот дел од болидот во чест на загинатиот, легендарен бразилец. Овој потег беше доста критикуван од фановите и шефот на тимот го објасни потегот кој треба повеќе да не ги потсетува возачите на трката каде Сена загина. 

Одлуката е дека сакаме да продолжиме во иднината затоа што Ова е нова ера и нов болид. Имаме посебен дел од музејот посветен на Сена и мислам дека тоа е доволна чест. Мислам дека во иднина не треба да го има логото и лугето да се потсетуваат на тоа што се случи. Сега е време да одиме напред иако сме почестени од Сена – посочи германскиот шеф на екипата.

Капито додаде дека семејството на Сена не била консултирано за одлуката и дека тимот ќе ја зголеми улогата во фондацијата Сена.  

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ