Вилијамс и официјално го потврди Сарџент

Вилијамс и формално го потврдија Логан Сарџент за нивни возач следната година откако американецот на финалето од Формула 2 првенството успеа да се избори за потребниот број на поени на својата супер лиценца.

21-годишниот возач ќе стане првиот американец во Формула 1 по Александер Роси кој во 2015 година имаше 5 Гранд При трки, а исто така и првиот американец со полно работно време во Формула 1 по Скот Спид во 2007 година.

Логан заврши на 4то место во Формула 2 сезонава, а е дел од Академијата на Вилијамс од пред нецела година. Исто така, учествуваше на четири петочни сесии со тимот оваа година за колку што може подобра подготовка за она што следува.

ова е огромна чест и остварување на сонот што добивам можност да се тркам во формула 1 со вилијамс рејсинг. огромно благодарам до сите во тимот и дотилтон мотор спортс за поддршката која ми ја дадоа откако пристигнав во тимот на американското гранд при лани.

да се биде дел од нивнат академија изминатата година ми даде силна платформа за развој како возач и подготовка за следното поглавје од мојата кариера. подготвен сум и возбуден за новото патешествие и она што следува откако тимот изгледа е на вистински пат со напредокот – изјави возбудениот сарџент.

Главниот извршен директор и тимски шеф, Јост Капито, на овогодинешното Американско Гранд При, најави дека Сарџент ќе го превземе местото на Латифи за следната година само доколку ги добие потребните поени на супер лиценцата. Американецот мораше да си обезбеди топ 6 финиш во Формула 2 поредокот за доволен број на поени, а тоа и го стори на финалето од сезоната во Абу Даби.

На крајот од сезоната во јуниорскиот шампионат, тој беше 4ти и го одработи својот дел за да се трка крај Александер Албон следната година, а прво појавување на тест за новиот тим ќе има утре во Абу Даби.

воодушевени сме што официјално можеме да го потврдиме логан како наш возач следната година откако се квалификуваше за супер лциенца и ги доби потребните поени на последната формула 2 трка во абу даби.

откако стана дел од нашата академија при крајот на минатата година тој целосно се инетгрираше во тимот од гроув, а во симулаторот и на тренинзите кои му ги доверивме беше одличен. имаше силна дебитантска сезона во формула 2 и воодушевени сме што ќе го следниме неговиот напредок до формула 2. тука сме да го поддржиме на тоа патешествие – објасни капито.

Иако е американец, целата тркачка кариера на Сарџент е мината во Европа, а пред две години за малку загуби од Оскар Пиастри во борбата за Формула 3 титулата, поточно за само четири поени. Следуваше застој во кариерата потребен за прибирање финансии, но се врати силно лани и си најде место во Формула 3 со Карлин сезонава.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ