Вилијамс објаснија зошто го ангажирале Нисани

Од Вилијамс откриваат дека ставот и силната работка етика на Рој Нисани биле клучни во нивната одлука да го направат официјален тест возач на тимот и згора на тоа да му дадат три петочни тренинг сесии претсојната година.

Секако дека во Гроув ќе имаат и финансиски придобивки од договорот, а логото на Israel Start-Up ќе биде на болидот во текот на викендите кога Нисни ќе добие можност да вози.

При официјализирањето на веста, Клер Вилијамс најави дека за нив нема никаква смисла да промовираат некој кој не сметаат дека може да им помогне во текот на сезоната, а фокусот на долг рок и посветеноста во Абу Даби биле пресудни да го доведат Нисани.

ние сме екипа на пат да се врати во поредокот и имаме возачи кои имаат капацитет и можност да разберат што се случува. за нас нема никаква логика да ставаме во болидот некој кој не е доволно добар да ја заврши работата за нас, особено во позицијата во која се наоѓаме.

земаме возачи кои јасно знаат и разбираат што се случува и се посветуваат на развојната работа, а рој докажа со тестот во абу даби дека е вистински возач за нас – откри клер.

Нисани беше далеку најбавен на тестот во Абу Даби и неговите времиња беа дури три секунди побавни од времињата на неговиот колега, Џорџ Расел, Вилијамс смета дека тоа е неважно затоа што тој работел целосно друга програма.

сите сме дел од развојот и не беше целта да се постигнуваат добри времиња, туку возачите да го одработат тоа што се бараше од нив. мораме да сме задоволни од него затоа што прв пат по долго време влезе во болидот, а во таква ситуација многу возачи би дале се од себе да се брзи и да се докажат и при тоа повеќе од сигурно е дека би направиле грешка.

програмата не беше таква и поради тоа времињата по круг не се важни, но тоа што го видовме и научивме беше тоа што ќе ни користи.

нисани дојде и мина време со тимот, беше вистински тимски играч кој даде се што се бараше од него, беше со нас, разговараше и даваше совети. тоа може да биде многу важно особено во екипа која е во ситуација како нашата. сите се угледуваат на возачот и тој треба да биде прв кој ќе ја сработи работата.

Нисани дополни дека немал никаков сомнеж целосно да се посвети на работата кој тимот му ја дал да ја заврши во Абу Даби и при тоа да не брка никакво конкурентно време.

секој возач сака да го види своето име високо на листата на поставени времиња, но желбите на страна и приоритетите пред себе на долг рок значи дека мора да сум фокусиран само на доделената работа без ништо друго. тоа каде ќе биде моето време немаше никакво значење затоа што единствено беше значајно да го одработам тоа што ми е доверено.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ