Вилијамс одговори на гласините за Порше

Вилијамс даде одговор на гласините дека се подготвува да соработува со Порше, откако германскиот производител најави новини на социјалните мрежи. 

Порше го избриша својот Формула Е инстаграм профил и најави нешго големо. 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Home of Porsche Motorsport (@porsche.motorsport)

Од тоа што го напишаа на социјалните мрежи, многумина препознаа порака дека ќе го купат Вилијамс од Дорилтон Капитал. Но сепак, Вилијамс ги отфрла гласините. 

Гласините за продажба на Вилијамс не се точни. Водиме разговори со производители на мотори под новите правила од 2026 година.

Среќни сме со Мерцедес во моментов и нивните напори – изјавија од Вилијамс. 

Порше бара влез во Формула 1 од 2026 година под новите правила и претходно водеа разговори со Ред Бул кои не беа успешни. 

Дорилтон Капитал ја превзема контролата врз Вилијамс во 2020 година откако семејството Вилијамс замина од тимот. Претходно оваа недела, тимот најави дека нов шеф ќе биде Џејмс Воулс. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ