Вилнев: Верстапен е цело време на максимум, Хамилтон не е

Поранешниот првак, Жак Вилнев, даде свое мислење за клучната разлика помеѓу Макс Верстапен и Луис Хамилтон. 

Тој повторно се посомнева во мотивацијата на Хамилтон и желбата да се справи со проблемите во Мерцедес. Британецот ја имаше најдобрата трка до сега во Канада каде заврши на трета позиција. 

Во Шпанија, тој сакаше да се откаже да го зачува моторот и не сакаше да продолжи. Тоа е разликата со Макс.

Макс е секогаш во полна сила, но Хамилтон не е. Во Канада беше многу брз и заврши пред својот колега – вели жак.

Хамилтон до сега беше победен на квалификации од својот колега Расел, но во Монтреал се случи обратното откако Расел се обиде со мазни гуми на сеуште доволно неисушената патека. 

Тој беше побрз од Хамилтон. Луис се мачеше, но мислам дека треба да се рестартира и да се врати во форма. Не го дава максимумот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ