Вилнев го бендиса новиот Ферари

Жак Вилнев е задоволен од она што го гледа кај новиот Скудерија ФЕрари СФ1000 и смета дека италијанците направиле чекор во вистинска насока.

Праволиниската брзина беше главна нивна предност лани, но низ кривините кога беше потребна потисна сила болидот не беше на ниво на задачата. Жак гледа делови ископирани како идеја од болидот на Мерцедес на аеродинамиката на италијанскиот тим.

пред се преубав е, навистина убав болид. дали е брз, ќе видиме во однос на тоа дали ферари ќе освои титула. секако дека новите делови беа скриени на промоцијата, но се гледа дека ја користат насоката на мерцедес, целосно различен пристап од ланскиот. сметам дека се во вистинската насока и може да бидат многу силни ако не загубиле праволиниска брзина која ја имаа лани – е видувањето на вилнев кажано за неговиот работодавец Sky Sports Italia.

Инсајдерот со добри врски во Ферари, Лео Турини, додаде:

секоја промоција на ферари е како свет ритуал. има многу почит за историјата и минатото на брендот и името и секогаш има силно и моќно име како сф1000 со кој ќе ја слават својата 1000та формула 1 трка, единствен тим кој учествувал во сите сезони на спортот.

но, тоа е минатото, а во иднина ферари мора да се бори за титули затоа што последен пат освоија наслов во 2007 година што значи дека сегашните тинејџери немаат видено титула од ферари.

тестот во барселона нема да ни каже ништо посебно, знаеме дека врвните екипи ќе ја кријат својата вистинска моќ, но овој болид треба да има се што е потребно за да се бори со мерцедес и ред бул. во мелбурн се ќе биде познато.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ