Вистинската сила на моторот на Ферари ќе се види за четири трки

Во Маранело сметаат дека ќе бидат потребни уште четири тркачки викенди за да може со сигурност да кажат колку Ферари напредувале со својот Формула 1 мотор.

Најголем дел од работата во текот на зимата фо фабриката на Скудерија беше сконентрирана токму на целосно новиот мотор откако ланскиот беше главна слабост во текот на сезоната. Беше очигледно дека во 2020 година на Ферари им недостасува брзина на правците и имаа најслаб мотор на гридот, а аеродинамиката со многу отпор не им ја олеснуваше работата.

По тестот и првата Гранд При трка од сезоната стана јасно дека италијанците напредувале со моторот, но екипата сака повеќе време за да може со сигурност да каже колку се напреднати. Лорен Мекиес, спортскиот шеф на екипата изјави:

дефинитивно сме подобрени, нема сомнеж во тоа, така што таа цел е постигната. но, секогаш има многу работа за да се извади максимум од пакетот на тркаката патека, во бахреин условите беа посебни и одите од претопло попладне во трка навечер.

секако дека точните бројки веќе ги знаеме, но прашање е какви се тие бројки споредено со останатите од гридот, а вистинскиот одговор се добива со анализа на квалификациите и летечките кругови.

поради природата на претпоставките, треба неколку квалификациски сесии за да се осигураме дека имаме издржани податоци согласно кои ќе можеме со сигурност репрезентативно да објасниме до каде сме споредено со останатите, колку сме напредувале. тоа ќе се случи по најмногу четири квалификациски сесии, ќе имаме точна цифра и точна претпоставка – најави мекиес.

По премиерната трка од сезоната, тимскиот шеф Матиа Биното беше задоволен со фактот дека екипата напредувала во однос на лани, но и тој не можеше точно да каже колкав е напредокот и колку се должи на моторот, а колку на ефикасноста на преработената аеродинамика.

секако дека моторот е подобрен и задоволен сум што заубер и хаас напреднаа како и ние. мислам дека ние сме посилни во сите области каде што тоа беше можно, аеродниамиката секако е посилна, а корелацијата со податоците од фабриката е точна.

со моторот и болидот во целост, секаде каде што беше можно подобрување, го имаме и целиот пакет е посилен. не зборуваме само за една област, вкупно, пакетот е подобар.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ