Витмарш: Мора да се разделиме од Мерцедес за да победиме

Според Главниот извршен директор на групацијата Астон Мартин, тие мора да се разделат од Мерцедес доколку сакаат да бидат шампиони. 

Партнерството на Хонда и Астон Мартин од 2026 година со ноата генерација за моторите веќе е потврдено. Витмарш има доста искуство со Мерцедес и Хонда додека работеше во Мекларен и смета дека соработката со нив ќе ги донесе до победа. 

Мерцедес беше и останува одличен партнер. Тие сакаат да победуваат како и ние, но има некомпатиблиност на мисиите и донесовме одлука. Доколку сакаме да сме број 1 мора да ги победиме Мерцедес што е доста тешко и потребна е силна организација – посочи витмарш.

Тој потенцираше дека амбицијата на Астон Мартин се зголемила откако зачестиле на подиумите. 

Успеавме да имаме добри резултати со скромен буџет, но сега ситуацијата се промени. Сакаме да победуваме и со новите правила мислам дека ќе можеме да го направиме тоа. Затоа ја донесовме оваа одлука со фантастичен партнер како Хонда. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ