Возачите на Рено целат кон многу поени во трката

Во тимот на Рено се уверени дека може да имаат силен пласман во поени откако се пласираа во топ 10 на квалификациите за Британското Гранд При.

Даниел Рикардо и Естебан Окон ќе стартуваат од 8та и 9та позиција, а во еден период Окон беше дури и 4то пласиран во вториот сегмент од квалификациската сесија.

Ова беа добри квалификации. Беше позитивна сесија, особено во К1 и К2, каде бевме во удобна позиција. Изгубивме малку во К3, така што ќе анализираме што се случило. Среќен сум со напредокот по Унгарија и мора да продолжиме така. Изгледа имаме подобра форма во Недела, а квалификациите беа област каде требаше да се подобриме од некои аспекти – изјави Окон.

Рикардо, кој заминува за Мекларен во 2021 година, имаше мала пукнатина на својата шасија во петочните сесии. Механичарите на Рено работеа преку ноќ за да го поправат болидот на време за третиот тренинг.

Задоволен сум со осмата позиција, особено во тешки услови. Беше чист круг, без грешки, ништо премногу спектакуларно, но доволно добро за осмо место, за малку седмо.

Беше прилично тесно помеѓу неколкумина и само половина секунда не разделува. Бевме на чекор до топ 10 цел викенд, така што може да бидеме задоволни со перформансите.

Трката ќе биде интересна, особено во борбата за шесто, можеби петто место. Стартуваме со софт пневматици, како и повеќето околу нас, така што ќе видиме што може да направиме. Освојување на многу поени е целта – изјави Рикардо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ