Возачите на Ферари биле возбудени од првата посета во Маранело

Двајцата возачи на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинз, признаваат дека биле многу возбудени кога прв пат го посетиле Маранело. 

Леклер беше дел од Академијата на Ферари, додека Саинз потпиша со тимот откако Фетел замина. Моначанецот ја посетил фабриката како дете на покана од семеен пријател кој работел за тимот, а единствен проблем бил тоа што не смеел да влезе и гледал само од надвор. 

Седев на паркингот два часа. Замислував што има внатре. Се чувствував како Чарли во фабриката за чоколада – се присетува шарл правејќи споредба со филмот вили вонка и чоколадната фабрика. 

Шпанецот Саинз се приклучи на тимот во 2020 година и претходно го немал посетено Маранело. Тој дојде како замена за Себастијан Фетел чиј договор не беше продолжен на почетокот на сезоната. 

Тоа беше тајна мисија бидејќи морав да почекам да заврши мојот договор со Мекларен. Тие мораа да ме внесат од задната страна за да не ме види никој. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ