Возачите сметаат дека скусената ДРС зона е виновна за здодевната трка

Формула 1 возачите сметаат дека тркањето во Азербејџан било уништено со одлуката на ФИА да се скрати ДРС зоната за 100 метри споредено со лани.

Како на спринтот така и на главната трка, имаше драстично помал број претекнувања споредено со лани. ФИА редовно ги прилагодува ДРС зоните врз база на податоци собрани од трките, така што годинава решија да го отежнат претекнувањето споредено со лани.

Луис Хамилтон бараше повеќе моќ од моторот во својот болид додека се обидуваше да го претекне Карлос Саинз од Ферари не можејќи да го стигне во ДРС зоната.

се беше во ред, едноставно сакав повеќе моќ, возачот секогаш сака повеќе моќ од моторот. мислам дека со кратењето на главната дрс зона на правецот, не знам зошто тоа беше направено, не можеше добро да се тркаме. додека се вклучеше дрс системот, беше предоцна и поради тоа немаше претекнување – објасни хамилтон.

Алекс Албон исто така се жалеше на доцната активациска точка со која всушност се кради ДРС зоната споредено со 2022 година.

видовме дека нема многу претекнување затоа што дрс зоната беше претерано куса. мислам дека лани беше добро, сезонва ја скратија за 100 метри, нека ја скратат и повеќе и нема да има воопшто можност за претекнување.

разговаравме за ова на состанокот помеѓу нас возачите во петок, овие болиди со товарот кој го создаваат стануваат претешки за следење, далеку полоши од ланските. возењето зад болид во заветрина не е ни приближно како лани и поради тоа се создаваат дрс возови редовно.

Ландо Норис, кој најголем дел од трката заглави зад Естебан Окон и Нико Хулкенберг и не успеваше да ги искористи свежите гуми.

невозможно беше да се претекне, особено со брзината на правциа која ние ја имаме. дрс зоната е многу скусена спореднео со лани. јас дадов се од себе за да држам чекор со болидите пред мене, ги користев многу гумите затоа што бев инфериорен.

сите ние возачите останавме незадоволни од скусената дрс зона на петочниот брифинг.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ