Волф бил опуштен околу иднината на Расел во Вилијамс

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, вели дека од секогаш бил опуштен околу иднината на Џорџ Расел и покрај краткиот период на несигурност на неговото место во Вилијамс минатиот месец.

Расел е дел од програмата на Мерцедес од 2017 година, а имспресионираше од неговото деби минатата година, додека Луис Хамилтон го нарече “можен иден шампион“.

Вилијамс објавија во Јули дека Расел ќе остане во Гроув и за 2021 година, трета од четирите години согласно неговиот договор, а продажбата на тимот доведе до несигурност околу неговата иднина. Губењето на Расел од гридот ќе биде удар за Мерцедес, кои работат напорно да го развијат неговиот талент, како можна замена за еден од нивните моментални возачи.

Од секогаш сум бил прилично опуштен околу овие одлуки, бидејќи се ќе се случи по распоред. Ако Џорџ не беше во Вилијамс, тоа ќе биде помалку проблематично, Но претпоставувам дека тој ќе беше многу силна резерва за нас и ќе најдовме други програми за него.

На крајот, среќен сум што Вилијамс одлучија во негова полза. Мислам дека го заслужува тоа, неговите перформанси се неверојатни. Тие го направија правилниот избор – смета тото.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ