Волф: Верстапен е класа за себе

Шефот на Мерцедес, Тото Вооф, е импресиониран од нивниот лански ривал за возачката титула, актуелниот првак, Макс Верстапен. 

Според Тото Волф, Макс Верстапен е посебна класа оваа сезона во време кога тој се доближува до својата втора титула. Холанѓанецот ја освои титулата минатата сезона на последната трка во последниот круг против Луис Хмаилотн, но оваа сезона Мерцедес не може да му парира на Ред Бул. 

Верстапен е посебна класа, тој е класа за себе – посочи волф. 

Во мирниот петок, Мерцедес беа на трета и четврта позиција на првиот тренинг додека на вториот беа петти и седми. 

Бевме добри на првиот тренинг, но на вториот ни го снема балансот. Моравме да се справуваме со гуми кои прегреваат и перформансите ги снема. Не ни одговара концептот на болидот. 

Мерцедес се посилни на патекаи кои бараат повеќе потисна сила како Хунгароринг и Зандворт. 

Ферари се подобри и ние не можеме повеќе од ова што го возевме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ