Волф гледа потенцијал во партнерството на Андрети и Кадилак

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, го омекна својот став околу можноста Андрети да се приклучи на Формула 1 гридот наскоро, признавајќи дека поврзаноста на тимот со брендот Кадилак на Џенерал Моторс е дефинитивно позитивен став.

Мајкл Андрети се обидуваше да собере поддршка за влез во Формула 1, вклучително и неколку месеци лобирање во падокот. Но, ентузијазмот за Андрети да стане 11ти тим на гридот, за што е потребно одобрение и од ФИА и од Ф1, во најдобар случај беше минимален, а разбирливо е дека големо мнозинство од Ф1 тимовите не сакаат да го делат наградниот фонд со дополнителен учесник. Нивната загриженост е дали потребните 200 милиони долари кои секој нов учесник треба да ги плати на другите екипи се доволни за да ја одразат зголемената вредност на влез во спортот по зголемената популарноста на спортот.

Минатото лето, шефот на Мерцедес, Волф, рече дека секој тим за проширување ќе мора да додаде вредност на спортот, велејќи:

Андрети е одлично име, но ова е спорт и ова е бизнис и треба да разбереме што е тоа што можете да му го дадете на спортот.

ако производители на автомобили или мултинационална група се придружи на Формула 1 и може да демонстрира дека ќе потроши одредена сума долари за учеството, тоа е очигледно сосема поинаква вредност за сите други тимови.

Сега се чини дека Андрети го направи токму тоа со здружување на силите со Џенерал Мотор и нивниот бренд Кадилак, Волф го омекна својот став и признава дека партнерството со производителот е огромен успех за Андрети.

Кадилак и ЏМ, тоа е веќе силна изјава. Секако дека нивното здружување со Андрети е дефинитивно позитивно – рече Волф.

Тоа му дава друг агол кој може или не може да биде корисен за Формула 1, но дефинитивно никој никогаш не би го доведе во прашање педигрето на ЏМ или Кадилак во моторспортот и очигледно како глобална автомобилска компанија.

Новиот тимски шеф на Вилијамс, Џејмс Воулс, кој се приклучува на тимот од Гроув по долгогодишно дејствување како главен стратег на Мерцедес, додаде дека Ф1 сè уште треба да стекне подобро разбирање за тоа како Андрети и Кадилак планираат да придонесат за растот на спортот.

Секогаш сме отворени за растење на спортот, но вистината зад тоа е дека спортот финансиски треба да станува сè поуспешен.

Кој и да се приклучи во тоа опкружување, треба ефективно да го донесе со себе растот што е потребен за сите други да бидат во подобра позиција или барем неутрална позиција. мислам дека тоа е изјавата од самиот почеток.

Има многу убави работи за Андрети и за Кадилак. Само треба добро да се разбере како ќе го развие тоа спортот, на кој начин и каков ќе биде растот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ