Волф задоволен: Расел се однесува како да е цел живот во Ф1

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, вели дека чувствува како Џорџ Расел да вози за тимот цел живот откако младиот битанец беше одличен на првите пет трки од календарот.

Како јуниор на Мерцедес, Џорџ мина три сезони во Вилијамс каде собра огромно искуство и го убеди Тото да го напредне во фабричкиот тим на местото на Валтери Ботас. Расел е одамна штитеник на тимот од Бракли, дури го замени Луис Хамилтон на Шакир во 2020 година.

одлично се вклопи во тимот, како цел живот да е со нас и јас сум навистина задоволен од моите двајца возачи како работат заедно и како се почитуват еден со друг – објасни шефот волф.

Џорџ и Луис својата прва добра борба за позиција ја имаа во Мајами, Расел го претекна колегата, но го стори тоа надвор од патеката и беше приморен да ја врати позицијата, но повторно претекна и заврши на 5то место пред својот колега кој беше 6ти.

дури и во ситуација кога се тркаме еден со друг, двајца се многу фер и си оставаат простор и поради сетоа тоа сум задоволен како расел се вклопи во екипата.

Како што тимот се мачи за перформанси со својот В13 болид и се обидуваат да ги решат проблемите со потскокнувањето кои им ги ограничуваат перформансите, Расел подобро се прилагодува на пакетот и води со 23 поени во возачкиот поредок во однос на сеумкратниот поранешен шампион.

Тото е импресиониран од аналитичкиот пристап на возачот и вербата во така тешка сезона.

кога ќе видите што има постигнато џорџ формула 3 титулата и формула 2 титулата во дебитантски години, јасно е дека е многу добар. школото кое го доби во вилијамс само го подобри и никогаш не се сомневаме дека ќе биде одличен за нас, така што ми е мило што тоа сега сите го гледаат.

ми се допаѓа неговиот пристап, рационален е без разлика дали е најбрз или е 11ти, се обидува на научна основ да го направи болидот побрз. уживам да го гледам како работи, всушност уживам да ги гледам двајцата возачи како соработуваат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ