Волф: Некој намерно измисли преговори на Луис со Ферари

Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф, смета дека изворот на приказната за евентуален трансфер на Хамилтон во Ферари е поврзан преговорите кои во моментов се водат со Мерцедес. 

Гласините за премин на Хамилтон во Ферари беа отфрлени овој викенд во Монако откако Хамилтон и Васур изјавија дека нема ништо такво.

Имавме договор уште пред многу години дека нема да се преговара со друг се додека ние заедно не донесеме одлука дали ќе останем заедно или не. Затоа никогаш немав сомнеж, Но некој намерно ја измисли таа приказна за да се вмеша во преговорите.

Имаме договор од 2013 година и од тогаш само менуваме дати и број на маркетинг денови. Мислам дека сме во супер позиција со Луис во моментов. Немавме проблеми во преговорите – дециден е австриецот.

Хамилтон има 38 години и во моментов ја вози последната година од потпишаниот договор со Мерцедес сакајќи да дојде до рекордната осма титула за него. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ