Волф не ја отпишува титулата ако Расел победи во Унгарија

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, признава дека не би го исклучил Мерцедес од конкуренција за титулата доколку Џорџ Расел победи на трката за Големата Награда на Унгарија во Недела.

Расел беше најбрз во квалификациите од Будимпешта во саботата, освојувајќи ја првата пол-позиција во кариерата и прва на Мерцедес во 2022 година. Мерцедес се бореше за темпо во текот на поголемиот дел од годината во споредба со водечките Ред Бул и Ферари, откако ја започна новата ера на спортот со нови технички прописи со големо заостанување.

Сепак, малите подобрувања во текот на сезоната направија чекори напред, при што саботното квалификациско возење беше најдобриот настапн на тимот до сега. Иако има значителна разлика во однос на Макс Верстапен и Ред Бул во двата шампионати, Волф не ја отфрли можноста за потенцијален предизвик во доцната сезона од Мерцедес. На прашањето од Sky F1 дали се уште е во потрага по титула, Волф рече:

Толку е тешко да се каже, ние имаме многу голем заостато во поени зад Макс Верстапен, како и сите други. Но, можете да видите како е кога тие се надвор од борбата на врвот. Никогаш нема да се откажеме.

Постојано се сомневаме. Расположението кај нас се менува од депресија до восхит. Тоа е она што го прави спортот толку тежок, а од друга страна толку возбудлив. Не би се откажал од ништо ако победиме утре – посочи австриецот.

Мерцедес моментално е 126 поени зад Ред Бул во шампионатот за конструктори, додека Расел е најголемиот конкурент на тимот во шампионатот за возачи, 90 поени зад Верстапен.

Тимот со седиште во Брекли допрва треба да победи на трка во 2022 година, но Волф изрази уверување дека тимот може да стави крај на сушата во Унгарија.

Секогаш бевме надвор од темпото во еден круг, сега сме на пол. Ајде да видиме што можеме да направиме со тоа утре на трката.

Ако го имаме темпото, верувам дека повторно ќе сме дел од забавата и игрите на челните позиции.

Мислам дека ако можеме да ја задржиме позицијата во првиот круг, ако возачот има солидна трка, некои добри застанувања, зошто да не? Можеме да победиме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ