Волф: Окон ќе остане во Алпин

Се чини дека Естебан Окон нема да добие место фабричкиот Мерцедес наредната година. 

Шефот на Мерцедес, Тото Волф е јасен дека сака да го задржи Луис Хамилтон, но најверојатно Џорџ Расел е тој што ќе го замени Валтери Ботас иако Окон импресионираше со Алпин возејќи покрај Фернандо Алонсо. 

Направивме неколку промени во тимот во текот на зимата. Момците се одлични и Работевме заедно во фабриката за да се подготвиме. Никој не сакаше да се одмори.

Со повеќе искуство и познавање на болидот ние ќе сме подобри. Полесно го конфигурираме болидот – објасни окон запрашан за своите скорешни подобрувања.

Волф се согласува дека Окон ќе остане во Алпин и наредната сезона. 

Тој е во чудна позиција. Долго време е дел од нашата програма и е возач на Алпин. Мислам дека таму е добар и се развива. Му се поклопија ѕвездите и Треба да одлучи што сака во својата кариера. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ