Волф: Ред Бул прави паметен потег со својот мотор

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, верува дека проектот на Ред Бул за сопствен мотор е многу паметна стратегија на екипата од Милтон Кинс откако пропаднаа преговорите за соработка со Порше.

Неодамна Ред Бул и Порше ги прекинаа преговорите околу соработка од 2026 година кога германците би го подготвувале моторот за тимот, така што Ауди остана единствен официјално потврден бренд на Фолксваген во Формула 1 во иднина.

Ред Бул неодамна формираше своја фабрика за производство на мотори, Ред Бул Пауертреинс која е целосно подготвена и работи на независен мотор со целокупната поддршка која ја имаат производителите. Кристијан Хорнер посочи дека соработката со Хонда може да биде можна во иднина, особено околу батериите, додека Волф дополни дека е штета што тие како Мерцедес нема да добијат можност да се тркаат со конкурентот од Штутгарт, Порше.

мислам дека ред бул имаат многу паметна стратегија со свој мотор затоа што ќе биде целоснно независен тим, јасно сценарио кое секогаш сакаа да го постигнат со свој мотор независен од никој голем снабдувач. ја користат таа стратегија и ќе видиме што ќе е лсучи во 2026 година и потоа.

јасно е дека во моментов трасираат пат и насока, а јас не бев на никаков начин вклучен во деталите околу преговорите со порше, дали ќе соработуваа со нив или пак ќе работат со хонда.

штета е за мене како човек од мерцедес кој нема да добие шанса да се бори со порше затоа што соработка на ред бул и порше ќе беше лудило. без разлика дали партнерството ќе се оствари во иднина, за формула 1 ќе беше страшно позитивно да има една таква соработка – посочи тото.

Тој откри и што еден бренд како Порше може да донесе во спортот.

секоја голема корпорација особено автомобилски производител, но не само компании од автомобилскаа индустрија затоа што ред бул е одличен пример за тоа, инвестирт огромно количество пари во спортот, а тоа во огромна мера помага на формула 1.

ако бренд како порше кој е понат насекаде низ светот ги насочи своите долари алоцирани за маркетинг активности кон формула 1, сите ќе имаме корист, а тоа е најважно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ