Волф сака да го испрати Ботас во Рено

Валтери Ботас може да е следниот возач кој ќе промени тим откако се појавија гласини од Франција дека Тото Волф сака да го испрати финецот во фабричкиот тим на Рено. 

Иако сеуште не се извозела првата трка, пазарот на возачи се отвори. Прв замина Себастијан Фетел од Ферари, но сеуште нема ангажман за следната година, а подоцна Саинз објави дека ќе вози место него во Скудерија, додека Даниел Рикардо ќе мине во Мекларен. 

За отвореното место во Рено се спомнува Ботас, а неговиот менаџер се шпекулира дека веќе имал разговори со Сирил Абитебул, шефот на Рено. Сепак, ниту една страна не ги потврдува или отфрла гласините. 

Се се случи набрзина и никој не гледа дека не цела сезона е пред нас. Вакви одлуки толку рано во сезоната се чудни, бидејќи тие возачи ќе ги видат сите иновации и ќе бидат вмешани во развојот на болидот и ќе ги пренесат во конкуренцијата. Мислам дека ова се пребрзи одлуки – е мислењето на тото.

Дали Мерцедес чека да го информира Ботас дека не им се потребни неговите услуги останува да видме, а француски Auto Hebdo ја објаснија ситуацијата. 

Иако Ботас не сака да замине, Тото Волф сака да го прати во Рено. 

Тед Кравиц од Sky Sports потврди дека неговиот менаџер зборувал веќе со Ред Бул и Рено, но сепак смета дека Мерцедес ќе го задржат и наредната сезона. 

Можеби не директно тој, но неговиот менаџмент зборува со Ред Бул и Рено. Тој може да ги отфрли гласините, Но неговиот менаџер Дидие Котон и Тото Волф имаат интерес да видат како ќе помине оваа сезона.

Тешко е за Ботас затоа што Тој сака да остане во Мерцедес, но треба да си ја штити позицијата.

Дали е загрижен? Мислам не бидејќи тој сака да остане и тие сакаат да го задржат како прв избор. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ