Волф сигурен: Ферари ќе ставеа вето јас да бидам шеф на Ф1

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, откри дека никогаш немало реална шанса тој да стане Главен извршен директор на Формула 1 затоа што Ферари со сигурност ќе ставеле вето на носење на таква одлука.

По потврдата дека Стефано Доменикали во иднина ќе го предводи спортот, австриецот призна дека имал разговори со Грег Мафеи, првиот човек на Либерти Медиа, но неамло напредок во нивните преговори.

мислам дека сите се свесни дека имав првични разговори со грег, но ништо повеќе од тоа. одлично се сложуваме, го почитувам многу за тоа што го има постигнато, но мене ми се допаѓа моето сегашно работно место.

сфатив дека сум заљубен во штоперицата и тркањето како натрпевар, така што мојата сегашна позиција како еден од сопствениците на толку успешен тим како мерцедес е страпно постигнување.

на крајот на денот, немаше да направам ништо затоа што ферари никогаш немаа да прифатат мое назначување за шеф на спортот – смета волф.

Како дел од новиот Конкорд договор, Скудерија го задржа своето право на вето, така што Тото смета дека тој бил целосно неприфатливо решение за италијанците.

го знам тоа, но немам никаков проблем. тие имаат право на вето и јас целосно го почитувам тоа затоа што и јас би размислувал како нив да бев во нивната позиција.

на крајот можеби и јас немаше да прифатам таква позиција затоа што треба најдобриот треба да го раководи спортот, а јас мислам дека стефано е вистински човек за тоа.

Австриецот смета дека назначувањето на Доменикали, човекот кој го водеше Ферари Формула 1 тимот за потоа да мине во произвоителот Ауди и на крајот во Ламборџини е одлично за спортот.

мислам дека стефано е отворен и искрен човек со одлични квалитети и интегритет, а згора на тоа има и одлично познавање за спортот.

тој бил спортски директор и шеф на екипа во тешки времиња и бил успешен во својата работа, дел беше и од проектот на ауди за формула 1 извесен период, а на крајот ги пвоеде ламборџини до одлични резултати во однос на проажбата и финансиите како и производство на одлични автомобили. мислам дека е многу, многу добар избор за улогата.

Првиот човек на Мерцедес знае дека Доменикали ја дели неговата визија за спортот без вештачки работи кои треба да го подобрат шоуто.

тој сака чист спорт, но во исто време разбира и дека треба да се задржат гледачите заинтересирани. мислам дека тој баланс е многу тежок да се направи, но тој ќе го стори тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ