Волф: ФИА и возачите мора да се договорат околу политиката

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, даде свое мислење по забраната за политички мотивирани изјави за време на Гранд При тркачките викенди од страна на ФИА.

Федерацијата неодамна направи измени во спортскиот правилник согласно коо политички, религиозни и лични изјави од страна на возачите кои претходно не се одобрени од страна не ФИА не се дозволени. Сето тоа откако Луис Хамилтон и Себастијан Фетел беа гласни во изнесување на своите ставови минатата сезона.

ќе видиме како ќе искочи целата работа. разбираме дека спортистите не се овдека за да “бистрат“ политика, туку сосема спротивно, да се тркаат и да прават шоу. немам сомнеж дека фиа мисли се најдобро со оваа промена.

сепак, ќе треба да седнат претставници од федерацијата со најгласнит возачи од минатото за да се види што точно смее, а што не смее да се изјавува. немам сомнеж дека се ќе “легне“ и ќе мине во најдобар ред – оптимист е волф.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ