Волф: Хамилтон сака двегодишен договор

Тото Волф верува дека Луис Хамилтон сака да потпише повеќегодишен договор за да си ја осигура иднината во спортот. 

Седумкратниот Формула 1 шампион беше жешка тема во падокот откако потпиша 12-месечно продолжување на договорот, но сега веќе и тој коментира дека не сака да си го троши одморот на преговори и сака договор пред летната пауза. 

не сакаме да бидеме во стресна ситуација како секоја година кога ги продолжуваме договорите бидејќи целосно сме посветени да победиме. не би сакал тоа да се случува во текот на целата година. да потрошиме ден, два и да се договориме.

Ќе ја заклучиме вратата и нема да излеземе додека не се договориме. Тоа е најдобро за нас – смета британецот.

Хамилтон уште еднаш покажа дека е најдобар во Шпанија каде го победи Макс Верстапен со две застанувања во боксот. Волф е сигурен дека британецот може да вози и кога ќе наполни 40 години споредувајќи го со Том Брејди. 

Да, апсолутно. Немам сомнение со ова. Тој е многу дисциплиниран. Се додека се смета дека е ментално и физички спремен тој може да тера. Видете го Том Брејди и ќе ви стане јасно. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ