Волф: Шумахер има удел во успехот на Мерцедес

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, смета дека и Михаел Шумахер има удел во фантастичниот и историски успех на Формула 1 тимот откако германецот се врати во Формула 1 во 2010 година и се приклучи на германската екипа која настана со превземање на Браун ГП.

“Сребрените“ направија своја фабричка екипа за која обезбедија доволно буџет за да бидат долги години доминантни во врвната моторспорт серија. Лобирањето на “Црвениот барон“ во 2012 година како и убедувањата на Норберт Хог до Бордот на компанијата, донесоа многу посилен буџет во 2013 година кога Тото Волф беше донесен на чело на екипата.

михаел има голем удел во успехот на мерцедес. доколку браун гп не постоеше и без визијата на норберт хог за фабричка ткипа, без михаел како прв возач, нашата приказна немаше да постои.

промената на перцепцијата од страна на бордот се случи на крајот на 2012 година и на почетокот на следната 2013 година – се присетува тото.

Во текот на таа 2012 година од Мерцедес се консултирле со Волф, тогашен акционер во Вилијамс, а во врска со начинот на кој треба да го трансформираат тимот во победничка позиција.

како надворешен човк ме прашаа да направам споредба дали организацијата и ресурсите кои ги имаат може да ги остварат нивните очекувања и да им донесат титула. постоеше несовпаѓање помеѓу нивните очекувања и реалните можности, а тоа беше буџетот, поради што истиот се зголеми следната година.

мојата реална претпоставка до нив во тоа време беше дека со ресурсите кои ги вложуваат може да бидат некаде попмеѓу 3то и 6то место во конструкторскиот поредок. доколку сакаа да направат исчекор кон ред бул, им требаше поголем буџет во пресрет на новите правиал таа 2014 година.

Тој на крајот стана и сеуште е акционер во Формула 1 тимот, заедно со Неизвршниоте претседател, Ники Лауда, но Дитер Зиче, првиот човек на Даимлер бил тој кој решил дека треба компанијата дополнително да инвестира во тркачката серија.

одлука мораше да биде донесена и истата ја донесе дитер зиче и неговите колеги во бордот. со еден збор сите беа за.

ние им вративме за довербата која ја имаа со нас не само со успех на патеката, но и со финансиски придобивки кои дојдоа со нашиот успех.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ