Воулс: Во Вилијамс повторно има надеж

Тимскиот шеф на Вилијамс, Џејмс Воулс, потврди дека во неговиот тим повторно има надеж откако ги имплементирал промените кои ќе ја однесат екипата во свежа насока.

По неколку години проблем со инвестициите и финансиите и како дел од промената на тимот под новите сопственици од американскиот Дорилтон Капитал, Воулс го превзема тимот како замена за доскорешниот шеф, Јост Капито. Екипата од Гроув беше последна веќе шест сезони, но по само неколку недели на чело на тимот, видлива е свежината во тимот под раководство на британскиот инженер.

најдобриот збор што можам да го искористам за новата енергија е искра, има искра која е фантастично да се види, рамениците на сите се подигнати, главите се горе и тоа е насоката која сакаме да ја видиме. екипата имаше многу тешка зима и тешки неколку години претходно, но почна да се гледа светлото на крајот од тунелот и насоката во која се движиме е вистинска – вело воулс.

Заедно со Јост Капито тимот го напуштија и техничкиот шеф Демаисон како и главниот аеродинамичар Дејвид Ведр, а тие позиции сеуште се празни. Новиот шеф побара време за да одлучи за соодветна тимска структура и носење на нови луѓе ако е тоа потребно, дури и ако тоа значи жртвување на напредокот. Помеѓу првите одлуки кои Џоулс ги доесе беше назначување на оперативниот шеф Фредерик Бросо кој ќе се грижи за секојдневните операции и со себе носи пвеќе од 20 години искуство од авио индустријата.

формула 1 болид има 15 илјади компоненти кои треба да се направат, произведат и спојат за некоку недели. за тоа соодветно да се направи, ви треба темелен план за сите сегменти од организацијата и тоа е многу тешко.

бросо го направи тоа на претходните работни места, има огромно искуство и знаење како да сплоти илјадици луѓе, во нашиот случај стотици луѓе да работ заедно во клучен момент. тоа е особено важно со ограинчувањето на трошењето каде ефикасноста требаше да биде многу голема за да останат максимално средства за развој на болидот

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ