Воулс предвидува: Мерцедес ќе бидат моќни на одредени патеки

Поранешниот стратег на Мерцедес и сегашен тимски шеф на Вилијамс, Џејмс Воулс, посочи дека “сребрените стрели“ ќе бидат моќни на некои патеки годинава.

Откако тимот кој доминираше од 2014 до 2021 година победи само еднаш лани, амбициите беа огромни за оваа сезона, но повторно разочараа. Формата им е подобрена, но по две одработени трки очигледно е дека се далеку од она каде што сакаа да бидат без освоен подиум, а дури со нивни муштерија, Астон Мартин, побрз од нив.

на патеки како силверстон и како барселона мерцедес ќе бидат навистина моќни как орезултат на тоа што го знам за нивниот пакет – најави британскиот инженер.

Мерцедес се мачи од почетокот на сезонава, а најаваа на Воулс се однесува на трендот болидот да биде посилен на побрзи патеки одошто на техничките. Барселона, Пол Рикар и Силверстон беа места каде тие беа силни и лани, а победија на Интерлагос која исто така има многу брз последен и прв сектор.

1-2 победата во Бразил го отслика импресивниот развој со кој се доближија силно до Ферари како најблизок конкурент на Ред Бул. Годниава “биковите“ продолжија да доминираат на првите две трки, а Воулс ја поддржа конкуренцијата дека ќе го намали заостатокот.

се сомневам дека ред бул ќе доминираат цела сезона. како и да е, во однос на балансот во текот на годината, мислам дека ќе бидат најбрзи, но ќе имаат дефицит во однос на дозволениот развој во воздушниот тунел. не дека тој недостаток ќе наштети многу, но секако ќе го забави нивниот раст.

конкуренцијата ќе се доближува до нив како што ќе одминуваат трките, а со правила кои не пренесуваат следната година, развојот на актуелните болиди нема да престане.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ