Во Зандворт не се загрижени за корона вирусот

Шефот на Холандското Гранд При, Јам Лемерс, смета дека ситуацијата со ширењето на корона вирусот не треба да го поремети враќањето на Формула 1 во Холандија ов Мај. Кина веќе ја одложи трката, додека Австралија, Бахреин и Виетнам секојдневно воведуваат рестрикции на луѓе кои пристигнуваат од загрозените подрачја.

Холандскиот национален институт за јавно здравство откри дека со вирусот во државата се заразени вкупно 82 луѓе што значи дека несигурност има и кај трките во Европа.

треба да ги имаме во предвид информациите од институтот затоа што јавното здравје е поважно од било кој спортски настан. во моментов нема потреба ништо да се предвидува затоа што тоа е премногу тешко да се погоди – изјавил ламерс.

Се очекува трката во Зандворт да биде една од најпосетените н овогодинешниоте календар, а организацијата будно го следи развојот на настаните.

чекаме. знам дека саемот за автомобили во женева беше откажан, но тој настан е многу поосетлив затоа што се одржува во хала, а не под отворено небо како трката. зандворт е во природа и поради тоа сме многу поопуштени.

Дури и вообичаено тивкиот Главен извршен директор на Либерти Медиа, Грег Мафеи, изрази загриженост за ситуациата и ризиците кои ги носи корона вирусот.

ја одложивме кина, но одлуката не беше наша туку кинеската влада им наложи така на промотерите. ситуацијата со останатите три трки од првите четири прекуокеански оди како што е планирано.

Дури и поранешниот прв човек на спортот, секогаш критичи настроениот Берни Еклстон, смета дека одлуката да се одложи трката во Шангај била исправна.

никогаш не би откажал трка. вирусот ќе биде со нас некое време, но веројатно кон крајот на сезоната има празнини во кои ќе може да се уфрлат 1-2 трки затоа што ситуацијата до тогаш треба да е помирна.

Патувањето на Ферари и Алфа Таури од поодамна е тема во падокот, но доколко персоналот на Пирели не успее да стигне на трка, тоа ќе влијае на сите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ