Во Мекларен не се задоволни од тестот

Андреас Сеидл, тимскиот шеф на Мекларен, изјави дека не се задоволни од тестот во Бахреин поради проблемите кои ги имаа. 

На почетокот имаа проблем со прегревањето на сопирачките додека подоцна Даниел Рикардо беше позитивен на Ковид-19 и мораше да се изолира така што Ландо Норис ги одработи сите три денови за екипата. Поради проблемот со сопирачките тие не можеа многу да возат иако Сеидл смета дека има доста позитивни работи од тестот и надградбите биле добри. 

Тестот не беше според планот. Имавме проблем со предната оска и сопирачките и малку назадувавме. Сепак, има позитивни работи од тестот. Успеавме да работиме на перофмрнсите.

ќе носиме нови надградби на трката затоа што Не успеавме да решиме некои проблеми, но ќе работиме на тоа. Сега ќе се подготвуваме за наредната недела – посочи германецот.

До трката треба да ги решат проблемите и новите делови ќе бидат испорачани на патеката. Сеидл објасни дека тимот имал малку време за да реши голем проблем. 

Направивме чекор напред, но ограничени сме. Сепак, имавме шанса за долги серии и да се подготвиме за попладнето, Но решението на проблемот ќе биде во наредната недела.

Во Барселона бевме добри и Мислам дека имаме добра платформа. Сепак, не завршивме доволно работа во овие три дена. мислам дека не сме силни како Ферари. Фокусот е на нас и да ги решиме проблемите. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ