Норис ги замолчи критичарите на Мекларен по подиумот

Британецот заврши на второто место зад Верстапен на Хунгароринг.

Ландо Норис верува дека Мекларен докажал дека луѓето грешат по критиките на почетокот на сезоната во Ф1 поради лошите перформанси.

Британскиот возач обезбеди втор последователен пласман на подиумот со второто место на трката за ГН на Унгарија, задржувајќи го Серхио Перез во завршните етапи на Хунгароринг.

Норис стартуваше трет, но беше истуркан широко поради битката помеѓу Макс Верстапен од Ред Бул и Луис Хамилтон од Мерцедес во свиокот 1.

Но, тој беше во можност да го надмине тоа и претекнувањето за време на влегувањето во бокс наа тимскиот колега Оскар Пастри го остави да ја брани позицијата од Мексиканецот Перез доцна во трката.

Тоа беше тешка трка – призна Норис.

Не е лесно, особено кога Чеко стигна до крајот, но тој немаше доволно темпо да ме стигне.

Морав да се борам малку на почетокот, малку згрешив во свиокот 1, но ова е уште еден подиум за Мекларен, што е неверојатно.

Ако Макс се откаже во трка или нешто слично, можеби имаме шанса за победа.

Но, тие се премногу брзи освен ако не направат грешки или нешто не се случи.

Во моментот, ние сме среќни со напредокот што го направивме за да напредуваме од местото каде што бевме пред четири или пет трки, понекогаш се мачевме да излеземе од К1. Да се бориме за подиуми, задоволни сме сега за сега и нашето време ќе дојде подоцна.

Превртот во формата на Мекларен дојде откако беше воведена голема надградба на болидот на Норис на Големата Награда на Австрија, пред Пиастри да го добие пакетот во Силверстон на следната трка.

За тоа како толку многу перформанси се стекнаа со надградбата, Норис објасни:

Многу напорна работа, одлична тимска работа, сите назад во фабриката завршија неверојатна работа.

Мислам дека на почетокот знаевме дека ќе се бориме и изгледавме прилично слаби.

Добивме многу критики велејќи дека не сме завршиле доволно добрата работа, па среќен сум што конечно докажавме дека некои луѓе грешат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ