Во Нирбургринг се премислија, сега сакаат Ф1 трка

Шефовите на Нирбургринг изразија подготвеност околу можноста да организираат трка оваа година доколку се ослободи простор во календрот.

Легендарната германска патека беше доцна додадена на ланскиот календар како домаќин на Ајфелското Гранд При по откажување на многу трки предизвикано од глобалната пандемија. Годинава продолжија откажаните трки, а Кина и Виетнам беа заманети со Портимао и Имола уште пред да почне сезоната.

Медиумите на големо шпекулираат дека Канада и Бразил се следни во редот на трки кои нема да се возат годинава. Монтреал има проблем со правилата за карантин кој ги наметнува државата односно 14те денови задолжителн изолација при влез во земјата, додека ситуацијата во Бразил е благо речено катастрофална. Како нивни замени најчесто се споменуваат Истанбул Парк во Турција како и втора трка на Шакир во Бахреин.

Сепак, тука е и Нирбургринг кој многумина сметаат дека може да одговори на предизвикот, но проблемот е што патеката веќе е преполна со настани и нема гаранција дека кога Формула 1 ќе има слободен термин, истото ќе биде возможно и на автодромот.

доколку формула 1 сака да одржи трка кај нас под слични услови како и лани, на пример поради откажување на настан од друга патека поради пандемијата, ние сме отворени и расположени за разговор.

нашата страст е непроменета, но мораме д асе осигураме дека на крајот на денот барем не сме во загуба и секако да ја проериме изводливоста на еден таков настан.

трката во траење од 24 часа, најголемиот моторспорт настан во германија ќе се одржи многу кусо пред датумот кој се споменува за формула 1 трка – вели портпаролот на нирбургринг.

Стефано Доменикали неодамна откри дека има план на долг рок да се врати во земјата која вели дека е важен пазар за Формула 1 и дополни дека во моментов се одржуваат разговори со тамочни автодроми.

германија е ваќен пазар за нас. можам да потврдам дека неодамна разговарав со одговорнтеи луѓе во нирбургринг и хокенхајм за да ги видам можностите да се вратиме таму. се надевам дека наското ќе имаме решение.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ