Доменикали сака Хамилтон да си го оствари сонот за 8ма титула

Главниот извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали, го поддржува Луис Хамилтон да си го оствари сонот и да дојде до рекордната осма титула. 

Неговиот договор истекува оваа сезона и тој потврди дека сака да остане во Мерцедес. Хамилтон беше блиску до осмата титула пред две години, но ја загуби во последниот круг на последната трка во сомнителни околности кога беше престасан од Макс Верстапен. 

Би сакал да остане во спортот. Не сакам да му дадам некаков совет кој би бил непочитување кон Тото, но тој има многу искуство и не му требам јас бидејќи знае што сака.

луис го сака спортот. Тука е уште од дете. Неговата улога како Формула 1 шампион значи дека тој има и работи надвор од спортот, Но сепак сакам да остане во спортот и да стигне до осмата рекордна титула. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ