Во пресрет на домашната трка, Хонда ја засилува соработката со Ред Бул и АлфаТаури

Хонда ќе ја засили соработката со Ред Бул и АлфаТаури во пресрет на враќањето на Формула 1 во Сузука викендов за Големата награда на Јапонија.

Јапонците официјално излегоа од спортот на крајот на минатата сезона, но продолжија и годинава со голема поддршка до екипите сопственост на Ред бул преку својата тркачка ХРЦ дивизија и тој договор е валиден се до крајот на ерата на актуелните мотори, односно до крајот на 2025 година. Но, брендот Хонда официјално ќе се врати на болидите на Ред Бул и АлфаТаури викндов за Јапонското Гранд При што беше потврдено на настан денеска.

Паралелно со договорот за поголема соработка, Серхио Перез ќе стане Амбасадор на Хонда Рејсинг школата, што е всушност возачка академија на производителот на возила. Тој заедно со колегите Верстапен, Пјер Гасли и Јуки Тсунода ќе биде дел од Денот на Благодарноста организиран од Хонда ХРЦ на 27 следниот месец, една недела по крајот на Формула 1 сезоната.

хонда значително инвестира во хибридна технологија во текот на партнерството со нас. тоа ни обезбедува снабдување и користење на силен мотор во двете екипи на што сме многу благодарни. нашата заедничка цел е да продолжиме да испорачуваме доминантни мотори и да постигнеме уште поголем успех во следните три години.

за да го одбележиме ова нетпреливи сме да го видиме назад логото на хонда од викендот на сузука – изјави среќниот кристијан хорнер.

Претседателот на ХРЦ, Коџи Ватанабе, дополни:

логото на хрц на носот и логото на хонда на страните се две екипи со силни партнерство. во текот на техничката поддршка добиена од хрц, хонда целосно ги поддржуваше сите предизвици да се биде најбрз во светот.  пресреќни сме што сето ова ќе биде промовирано на јапонското гранд при каде хонда ќе стане главен спонзор.

Ватанабе беше дел од делегацијата на Хонда која го посети Ред Бул Ринг за време на трката во Јули и тогаш најави дека Формула 1 не е завршена прикана за нив. Ред Бул секако бара партнер за својот Ред Бул Пауертреинс откако целосно пропаднаа преговорите со Поршен.

Кристијан Хорнер посочи дека Хонда може да им помогне со моторот од 2026 година, особено со хибридниот дел откако јапонците силно се насочија кон електрификација на својата гама.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ