Во Ферари веќе летаат глави, важен дизајнер го напушти Маранело

Долгогодишниот дизајнер и шеф на концептот за болидот, Давид Санчез, го напуштил Маранело.

Од Скудерија не сакаа да коментираат ништо за неговото заминување, но веста доаѓа само неколку денови по првата трка во Бахреин на која италијанците се надеваа на голем успех.

Санчез го почна својот десетгодиншен престој во Маранело како главен аеродинамичар работејќи под Џејмс Алисон и Симоне Реста. Французинот беше клучен во инженерскиот оддел на Ферари и помогна на преродбата во хибридната ера, го водеше дизајнот и развојот на ланскиот победнички Ф1-75 пакет како и на овогодинешниот болид.

Според The Race, оствката на Санчеџ не била поврзана со неуспехот на Ферари и разочарувачкиот почеток на сезоната, туку тој сакал да ја промени средината и ќе направи трансфер во друг тим по задожителното отсуство.

Во моменто кога новиот шеф, Фред Васур, сака да го инспириа и притисне секој дел од тимот, и тоа како му требаат инженери со искуство, така што оставката на Давид е голем проблем и нешто што треба да се надомести скоро.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ