Во Хонда се задоволни од Верстапен но сепак се претпазливи

Ред Бул и Макс Верстапен се искачија на највисоката позиција во Имола и ја донесоа првата победа на Хонда таму од 1991 година кога победи легендарниот Аиртон Сена. 

Овој резултат беше пофален од Тојохару Танабе кој оваа победа ја нарече награда за тимот и персоналот во Сакура и Милтон Кејнс. Холанѓанецот не победи во Бахреин, но имаше одлични перформанси во Имола и дојде до својата 11та победа. 

Ова се одлични перформанси на Ред Бул Рејсинг, Хонда и Макс Верстапен што ни ја донесоа првата победа оваа сезона. Во тешки услови од стартот дојдовме до победа. Тимот е задоволен со резултатот и ова е награда за целиот персонал кој работеше напорно во последните месеци да испорача силен мотор и секако за сите во Ред Бул. 

Пјер Гасли во АлфаТаури Хонда загуби места на стартот, но заврши на осма позиција. Перез и Јуки Тсунода беа добри, но не успејаа да дојдат до поени. На првите две трки бевме доста конкурентни и мора да продолжиме силно во наредните трки. 

Наредната трка е во Португалија на 2 Мај, две недели по Имола.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ