Во чест на Хонда, Ред Бул и АлфаТаури со бели болиди во Турција

Ред Бул објавија дека ќе се тркаат со посебно обоен болид во бела боја на Турското Гранд При за да му оддадат почит на својот партнер за мотори, Хонда, која замиунва од спортот на крајот на сезонава.

Јапонска Хонда официјално ја напушта Формула 1 на крајот од оваа година, а планот беше да ужива во својата домашна трка за последен пат, но Јапонското Гранд При беше откажано, а Турција ја замени Сузука во календарот.

Со це да оддаде почит на својот партнер во заминување, Ред Бул открија дека заедно со сестринскиот АлфаТаури ќе возат со посебни бели шари на трката викендов. Болидите ќе бидат бели во чест на Хонда РА 272, прв јапонски болид кој победил на Формула 1 трка, возен од Ричи Гинтер кој го однесе до триумф на Мексиканското Гранд При во 1965 година.

Тимот објави видео со боењето на болидот кој ќе биде доминантно бел.

Во исто време, на АлфаТаури ќе го има испишано зборот ‘arigato’ што значи благодарам на јапонски на задниот дел од болидот.

баравме начини да им дадеме можност на јапонсит ефанови да го прослават многу успешното наше партнерство во формула 1 за време на нивната трка во сузука. трката беше откажана поради пандемијата, така што ние одлучивме да им дадеме радост на фановите во истанбул, трката која ја замени сузука.

одбраните бои на нашите болиди одлично ќе го претстават наследството на хонда во формула 1 и се надеваме дека ќе дојдеме до победа со овие легендарни бои – најави кристијан хорнер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ