Втор возач во Торо Росо ќе биде Албон или Верлејн?

Откако Торо Росо потврди дека нивен прв возач во 2019 година ќе биде Даниил Квјат, борбата за второто место во тимот се претпоставува дека е помеѓу Паскал Верлејн и Александер Алон, додека моменталниот возач, Брендон Хартли, веројатно нема да биде дел од екипата.

Пјер Гасли, другиот моментален возач, ќе замине во Ред Бул на крајот на сезоната како замена за Даниел Рикардо. Хартли, иако импресивно го порази Гасли на квалификациите во Јапонија, се смета дека не е доволно добар за уште една година во тимот од Фаенца.

Autobild известува дека Верлејн е еден од возачите кои ќе го заменат.

Но изледа дека Албон, британски возач со потекло од Тајланд, е фаворит за возачкото место. Албон се покажа како брилијантен во Формула 2 и исто така се бореше против Шарл Леклер за титулата во ГП3 во 2016 година.

Верлејн секако, веќе има Формула 1 искуство преку возачкото место во Заубер минатата година, а претходно и во Манор. Сега кога не е дел од јуниорската програма на Мерцедес, германецот е интересна опција за Торо Росо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ