Вурц сака дебата за накитот во болидите

Алекс Вурц смета дека правилото за накитот треба интерно да се дискутира, а не да се прави јавно несогласување со големите возачи. 

Претседателот на ГПДА и поранешен Формула 1 возач, Алекс Вурц смета дека ФИА требала да има друг пристап кон решавање на проблемот со накитот. Правилото за неносење накит во болидот датира од 2005 година, но не беше доследно спроведувано. До неодамна, тоа како и да не постоеше и за прв пат беа изречени казни во Формула Е. 

Правилото забранува носење накит во болидите и нормална долна облека. Околу накитот најмногу негодуваше Хамилтон кој со медицински преглед доби исклучок да може да носи наит во Мајами и во Барселона, но од Монако и тој ќе мора да се придржува кон правилото.

Тоа е правило со добра намена. Можеби требаше да се има различен пристап кон испраќање на пораката. Сигурно не сакаме караница како во фудбал бидејќи мора да работиме заедно. Повеќе би сакал дискусија отколку караница – вели австриецот вурц.

Алекс бара едукација за возачите зошто треба да носат огноотпорна долна облека и да не носат накит во болидот.  Лично тој носел таква долна облека во поголемиот дел од кариерата откако имал состанок со поранешниот дански возач Крис Нисен. Нисен се запалил за време на трката во Фиџи во 1988 година и не носел таква долна облека. 

Тој беше во големи болки бидејќи ластикот од долната облека се запалил и му ја изгорел кожата. Тој многу години бил во агонија и болка. Бидејќи не сакам да се доведам во таква ситуација носев огнотпорна долна облека, а Исто е и со накитот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ