Гасли: Бев на два метри од смртта

Пјер Гасли откри дека смртно се преплашил и мислел дека ќе загине веднаш доколку удри во кранот кој го забележал за време на првиот круг од Јапонското Гранд При.

Тој доби казна од 20 секунди по крајот на трката затоа што пребрзо го комплетирал својот круг под црвено знаме сакајќи да ги стигне останатите додека на патеката се наоѓал кран наменет за извлекување на болидот на Карлос Саинз кои излета на 12та кривина.

Во тој круг, остатоци од оградата крај патеката удрија во предниот дел од АлфаТаури болидот на Пјер по што тој беше последен. Гасли откри дека се движел во посоченото делта време додека се обидувал д ги стигне останатите зад безбедносното возило кога го здогледал кранот, а потоа и црвеното знаме кое сигнализира прекин на трката.

Инцидентот веднаш потсети на трагичното Јапонско Гранд При од 2014 година кога Жул Бјанки при исто така тешко време излета и удри во кран, се здоби со тешки повреди, беше хоспитализиран и почина 9 месеци подоцна.

го загубивме жул на ваков начин пред девет години, токму вака со кран на патеката во многу лоши услови. не разбирам како може осум години подоцна да се повтори нешто вакво, повторно да има кран додека има претерано слаба видливост, дури тој не беше ни крај патеката, туку буквално на тркачката линија.

ова денеска е огромно непочитување кон жул, кон неговото семејство и кон неговите сакани, кон сите нас. инцидентот беше драматичен тогаш и сметам дека научивме многу да не повторуваме такви грешки кои се прескапи, да нема кранови на патеката кога ионака ништо не се гледа

ако загубев контрол слично како што загуби карлос претходниот круг ќе беше страшно, возев со 200 кмч, но не е важно дури и да возев 100 кмч ако удрам во кран од 12 тони ќе биде погубно, ќе умрам таму, веднап.

пресреќен сум и благодарен што сеуште стојам и што можам да се јавам на моето семејство, среќен сум што сум жив и што ништо лошо не ми се случи. но, ве молам за нас возачите, ова буквално да биде последен пат да видиме каква механизација на патеката затоа што е непотребен ризик за нас возачите – побара гасли.

Тој дообјасни дека поради карактеристиките на патеката во делот каде Саинз излета, многу доцна го видел кранот.

такво е местото, ништо не се гледа, а има безбедносно возило на патеката имаме делта време кое треба да се почитува, а јас бев тогаш 9 секунди побавен од тоа делта време.

се обидувам да ја фатам колоната и во последен момент гледам дека возам со 200 кмч и морам силно да забавам затоа што ако закоча ќе загубам контрола на болидот, а кранот е претежок. минав два метри десно од него буквално, ако се случеше нешто друго сега ќе ме немаше, а тоа за еден возач е неприфатливо.

Тој не сакаше да откри каков разговор имал со Директорот на трка, Едуардо Фреитас за време на прекинот на трката, но секако дека очекува итни промени.

сите бевме во гаражата една минута подоцна, мојот живот висеше во воздух една минута претходно, а тоа нема да го прифатам. имаме делта време и одредени процедури кои треба да се следат зад безбедносно возило и јас сето тоа го почитував, но никој не ми кажа дека ќе има кран на сред патека.

денеска бев два метри од претешкиот кран со левото предно тркало, се преплашив, верувајте многу се исплашив и веднаш се сетив на несреќата на жул, се смрзнав. мислам дека никој не смееше да го ризикува мојот живот, така што мораме да разговараме. за во иднина најважно е сите колеги да бидат безбедни на патеката за општо добро и никој да не доје во слична ситуација како јас денеска.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ