Гасли доби казна од 20 секунди

Пјер Гасли доби казна од 20 секунди поради брзо возење под црвено знаме откако тој беше шокиран наидувајќи на возило на патеката кое го извлекуваше болидот на Карлос Саинз.

Тој возел над 250 кмч под црвено знаме кое беше развиорено поради големиот дожд и инцидентите на патеката. Гасли гневно викаше преку тимското радио откако го виде кранот од 12 тона на патеката.

Инцидентот беше воочен од стујардите и по трката тој беше казнет со 20 секунди на неговото целосно време и два поени на неговата суперлиценца каде во моментов има вкупно 9 поени.

Болидот број 10 под црвено знаме ја надмина брзината од 200 кмч во неколку наврати. Тој треба да разбере дека може да има маршали или пречки на патеката и призна дека возел пребрзо. Казната е поради што возел ребрзо и бил над дозволената максимална брзина. Земавме во предвид и дека тој е шокиран што видел камион на патеката – велат од контролата на трка.

Со казната Гасли, французинот ќе “падне“ од 17та на 18та позција зад Мик Шумахер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ