Гасли за своето заминување: Тост ќе се расплчеше

Пјер Гасли откри дека Франц Тост за малку ќе се расплакал кога дознал дека тој ќе замине од АлфаТаури во Алпин следната година.

По официјалната потврда од почетокот на Август дека Фернандо Алонсо ќе направи трансфер во Астон Мартин, остана празно место во Алпин, кои првично го плнираа “својот“ јуниот Оскар Пиастри, но откако тој ги извиси во корист на Мекларен, французите тргнаа по Гасли. Ред Бул не сакаа да го пуштат Пјер ако не го доведат Колтон Херта во тимот, но откако се уверија што може Ник де Врис, решија да му дадат слобода на својот долгогодишен возач.

навистина сум благодарен на се што франц ме научи. тимот веднаш разбра каква одлична можност се нуди за мене, но и мојата желба да почнам нешто ново за да се борам кон врвот на гридот. особено кристијан хорнер и хелмут марко сфатија што сакам откако имав долг разговор со нив.

франц тост за малку ќе заплачеше кога дозна дека ќе си одам затоа што имавме многу добра соработка и соработувавме долго време – откри гасли.

По шест сезони во семејството Ред Бул, јасно е дека емоциите биле многу силни кај вообичаено ладниот Тост.

разговаравме сите заедно, но очигледно некои ја сфатија работата потешко од други. на крајот од денот, сите знаат каква можнсот ми се укажа и сигурен сум дека ќе најдат начин да го надоместат моето отсуство. секако сум многу благодрен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ