Гасли мина само со предупредување

Пјер Гасли доби предупредување од стујардите во Бразил бидејќи возел непотребно бавни во загревачкиот круг пред стартот на спринтот и не доби нови поени на суперлиценцата. 

Тој е блиску до забрана за возење на една трка откако освои 10 поени на неговата супер лиценца и следните два ќе му донесат забрана за настап на една трка. Лошо е и тоа што првите негови поени истекуваат во Мај 2023 година. 

Гасли заврши во топ 10 на вчерашниот спринт, но беше повикан од стујардите поради бавно возење во загревачкиот круг кон гридот. 

Стујардите сметаат дека тој не го следел времето предвидено помеѓу двете линии за безбедносно возило со кои се гарантира безбедноста на патеката. Според забелешките на директорот на трката тоа време е 1 минута и 12 секунди  додека Гасли возел 1.14.185 минути – се вели во соопштението од контролата на трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ