Гасли незадоволен: ФИА е сурова со казнените поени

Пјер Гасли смета дека ФИА е прилично сурова со својот систем за казнени поени, откако тој се ближи до забрана за трка поради опасно приближување до дозволениот број на казнени поени во текот на една сезона.

Гасли освои еден поен за време на Големата Награда на Мексико, што беше негов петти во целиот месец Октомври. Французинот собра 10 казнени поени во последните 12 месеци, поради што е на само два поена од автоматска забрана за трка.

Стјуардите го казнија Гасли во Мексико кога го престигна Ленс Строл надвор од патеката, при што возачот на АлфаТаури изрази разочарување што преку радио не му било кажано да ја врати позицијата.

Јас сум тркачки возач, ако видам празнина, ќе нападнам. Ако не сте задоволни од тоа, тогаш кажете ми да ја вратам позицијата и ќе се обидам повторно. Немаше никакви коментари и тоа е штета.

Тие треба само да го кажат тоа на радио. Тоа е она што тие го правеа во минатото, но поради некоја причина не овој пат – незадоволен е пјер.

Возачите кои ќе соберат 12 поени во период од 12 месеци добиваат забрана за една трка, а Гасли моментално е најблиску до истата на гридот. Тој нема да изгуби поени од неговата супер лиценца до 23 Мај следната година, ставајќи му голема тежина на рамениците во следните неколку месеци.

ФИА се чини дека е прилично сурова во последно време. Минатиот викенд во САД, половина од гридот доби премногу простор зад безбедносното возило, а јас бев казнет.

Овој викенд беше доста тесно, не знам зошто не ми беше дадена порака да ја вратам позицијата. На крајот на денот, давам се од себе во болидот, последното нешто што сакам е да соберам глупави казнени поени и да изгубам време на трката.

Во моментов, тие се незадоволни од она што го правам, па ќе разговарам со нив за да разберам што точно треба да сменам.

Гасли ја заврши трката на 11то место, бидејќи исто така отслужи казна од пет секунди за време на влегувањето во бокс, што укажува на тоа дека казната не му оневозможила да постигне поен.

Завршивме четири секунди зад деветто место, така што без казната знаеме каков ќе беше пласманот.

Штета е што е истата приказна, минатиот викенд дојдовме во 11то место со казната, само штета е да се биде вклучен во овие инциденти.

Ќе морам да го сменам мојот пристап бидејќи секој викенд се чини дека е сосема истата приказна, па ќе морам да сменам нешто.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ