Гасли: Нема гаранции за АлфаТаури

Пјер Гасли не е сигурен во каква форма ќе биде АлфаТаури наредната година откако решија да го променат концептот на болидот. 

Французинот заминува во Алпин наредната година откако оваа сезона се мачеше да влезе во форма. Но тој е сигурен дека новиот болид ќе биде најдобар што го нправила Алфатаури до сега. 

Во спортот е тешко да се предвиди што ќе се случи од една во друга година. Минатата година бевме на врвот на средината сега сме на дното. Можеби промената на концептот ќе им помогне. Најважно е што работата и развојот продолжуваат. 

Гасли верува дека тие ќе напредуваат на гридот. 

Се надевам на подобро. Но во исто време никогаш не се знае. Тие ми кажуваат дека болидот е најдобар до сега што го направиле. Се надевам на борба на врвот и можеби подиуми. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ